Дедо Стинг со својот невербален внук Акира: Труди Стајлер сподели видео за Денот на татковците
Акира Роуг Кантровиц е син на ќерката на Стинг и Труди Стајлер, Мики, и нејзиниот поранешен партнер Крис Кантровиц. Внукот на Стинг е роден на Нова Година во 2016-та со „тешки проблеми во развојот“, како што открила неговата мајка во „Romper“, во 2021.
Труди Стајлер, сопругата на славниот Стинг, сподели видео од својот сопруг на социјалните мрежи за да го прослави Денот на татковците.
Во видеото е споделен еден убав момент помеѓу Стинг и неговиот внук Акира.
Акира Роуг Кантровиц е син на ќерката на Стинг и Труди Стајлер, Мики, и нејзиниот поранешен партнер Крис Кантровиц.
Тој е роден на Нова Година во 2016-та со „тешки проблеми во развојот“, открила Мики во „Romper“, во 2021, кога Акира имал 4 години.
„Во овој момент, Акира е невербален, не оди, има проблеми со слухот на двете уши, има хипотонија и глобални доцнења во развојот“, објаснила таа во текстот.
Видеото беше споделено на 15 јуни и го прикажува 73-годишниот пејач како се држи за раце со својот внук и го гали по носот додека ќерката на Стинг и мајката на Акира, Мики, ги гледа.
Погледнете го слаткиот момент помеѓу Стинг и неговиот внук Акира подолу.
Трогателното клипче го сподели Труди Стајлер на нејзината страница на Инстаграм.
„Среќен Ден на татковците и дедовците Стинго – татко и сакан Ноно“, напишала таа под објавата.
„Ти благодарам за твојата љубов, грижа и љубезност и за сè што си за твоите деца и внуци.“
Мики Самнер, 41, е најстара од четирите деца на Стинг и Труди.
Пејачот има и две постари деца со поранешната сопруга Франсис Томелти; Џо, 48; и Фушија, 43.
Другите три деца на Стинг и Труди се Џејк, 40; Елиот, 34; и Џакомо, 29.