Бебињата кои подолго цицаат имаат подобри интелектуални способности како тинејџери

Истражувањето го спровеле експерти од Универзитетот во Оксфорд и заклучиле дека разликите во резултатите подразбираат и три поени помалку на тестовите за интелигенција кај децата кои не се доени.

102

Истражување спроведено на повеќе од 7.800 британски деца проучувало деца кои биле доени помалку од два месеци, два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година.

Истражувачите откриле дека оние деца кои биле доени најдолго, односно, повеќе од една година, покажале најдобри резултати во тестовите за вокабулар на 14-годишна возраст во споредба со децата кои не биле доени.

Истражувањето го спровеле експерти од Универзитетот во Оксфорд и заклучиле дека разликите во резултатите подразбираат и три поени помалку на тестовите за интелигенција кај децата кои не се доени.

Доењето е поврзано со дискретно зголемување на интелигенцијата кај децата дури и кога се земени предвид и факторите како што се интелигенцијата на нивната мајка и нивните социо-економски околности.

„Овие резултати би можеле да бидат загрижувачки за жените кои не доеле или не биле во можност да дојат. Затоа е важно да се поддржат жените кои сакаат да дојат”, вели д-р Рене Переира-Елиас, која ја водела студијата.

Мајчиното млеко содржи полинезаситени масни киселини и хранливи материи како што е железото кои помагаат во развојот на мозокот на бебето. Експертите велат дека доењето им помага на децата да развијат помалку инфекции и болести, пренесува Index.hr.

Студијата е објавена на Plos ONE.

Повеќе