Госпоѓица независна: Двегодишно девојче со вроден недостаток само си ја става протезата

Двегодишната Еви е родена со различни екстремитети и станува збор за вродена абнормалност наречена олигодактилија.

281

Двегодишно девојче со вродено пореметување само си ја става својата протеза: „Госпоѓица независна“
Децата честопати се изненадувачки одлучни и цврсти, доблести кои можеби им недостасуваат на возрасните. Можеби станува за детска искреност, директност и невиност, заради што имаат самодоверба да дејствуваат со сигурност, а се уште не се свесни дека светот за жал понекогаш не возвраќа со иста мерка.

Двегодишната Еви Браш е такво дете. Во кратко видео објавено од нејзината мајка Медисон Браш на Инстаграм се гледа како малата Еви се подготвува за прв пат да си ја стави сама својата протеза.
„Госпоѓица Независна“, напишала нејзината мајка во објавата. Додека Еви го навлекува помагалото преку ногата, на нејзиното лице се гледа гордост. Веројатно е многу возбудена што може сама да го направи тоа и што ѝ оди толку добро.

Објавата предизвика илјадници коментари на Инстаграм и јасно е дека корисниците се воодушевени како нејзината мајка.

Еви е родена со различни екстремитети и станува збор за вродена абнормалност наречена олигодактилија.

Ако ги погледнете другите видеа што ги објавува Медисон, може да забележите дека таа не дозволува нејзината ќерка да биде ограничена заради ова. Еви си игра на снег како другите деца, се забавува со семејството во Дизниленд, пече колачиња и си игра како и секое типично двегодишно дете.

Повеќе