Починала по домашно породување од ретка компликација

Австралиска инструкторка по јога, 42-годишната Лорен Верона, починала откако ја родила својата трета ќерка во домашни услови. Причина за смртта била емболија на амнионска течност (плодова вода).

597

42-годишната Лорен Верона, австралиска инструкторка по јога од Квинсленд, родила здраво девојче, го држела во раце, а потоа наеднаш ѝ се слошило. Таа итно била пренесена во универзитетската болница Саншајн Коуст, но не можела да се спаси.

Нејзиниот сопруг Рајан Гејлард открил дека таа починала од емболија со плодова вода. Состојбата настанува кога амнионската течност или друг фетален материјал влегува во крвотокот на мајката и може да спречи згрутчување на крвта.

„Сакам да знаете дека Лорен се поврза со нашето прекрасно бебе, чие име значи светлина, а таа е токму тоа во овие мрачни времиња. Боледуваме заради загубата, но нашите срца се полни заради благословот во форма на Лусинда што Лорен ни ја даде“, изјавил скршениот сопруг на кралицата на јогата.

Тој истакнал дека домашното породување поминало според планот, но сѐ се искомплицирало откако таа се породила.

„Оваа состојба не се случува многу често и затоа е малку истражено. Судскиот лекар сè уште истражува со надеж дека ќе помогне да се разбере оваа состојба и можеби да спаси барем едно семејство од она што ќе треба да го поминуваме до крајот на животот“, додал Рајан.
Верона водела приватно студио за јога. Таа сакала да ги инспирира луѓето да бараат внатрешна промена и трансформација. Починала само четири месеци откако се омажила за Рајан.

Повеќе