4 разлики меѓу разгалени и среќни деца

Ако мислите дека вашето дете ќе порасне среќно само ако му ги исполнувате сите желби, не сте во право. За разлика од разгалените деца, за среќно дете, поседувањето не е толку важно.

158

Има многу разлики помеѓу среќно и разгалено дете. Не смееме да заборавиме дека, она што им го даваме на децата е токму она што тие ќе го понудат и бараат од општеството и средината во која се развиваат. Детството е клучно за човековиот развој.

Ова е периодот кога детето почнува да стекнува одредени вредности, способности и вештини.

1. Потреби и вештини;

Разгаленото дете постојано ќе бара да му се исполнат некои потреби, а ако не му се исполнат ќе прави сцени и ќе беснее.

Спротивно на тоа, среќното дете брзо ја учи вредноста на работите и потребите.

2. Развој на скала на вредности;

Разгалено дете има многу ограничена скала на вредности, што обично одговара на принципот „колку повеќе имам, толку повеќе вредам“. За среќно дете, поседувањето не е толку важно.

Не му требаат предмети или играчки за да се чувствува добро, доволни му се љубов и разбирање.

3. Развој на личноста;

Разгаленото дете обично развива карактер кој тежнее кон фрустрација и тиранија уште од рана возраст. Среќното дете развива алатки кои го штитат од фрустрација, стратегии за да го постигне она што го сака за себе и начин да биде помалку зависно, пишува Inpfult.

4. Ниво на разбирање;

Помеѓу среќно и разгалено дете секогаш постои различна способност за разбирање на светот. Ако детето има сè што сака, нема потреба да гледа наоколу и ја губи способноста да бара одговори и да се развива. Разгалено дете кое веднаш добива сè ќе покаже помал интерес за својата околина и нема да биде заинтересирано да учи и да разбере што се случува околу него.

Среќното дете расте во средина каде што има разбирање, каде што може да ја развие својата љубопитност и да го запознае и открие светот во кој живее. Не се работи за тоа да му дадете на вашето дете сè што ќе посака, туку да го научите како да го добие тоа во топла и љубезна средина која ги почитува неговите потреби.

Повеќе