Изненадувањеее: Имате внуче!

Жена која до крај ја чувала својата бременост во тајност, ги изненадила родителите појавувајќи се на вратата од нивниот дом со бебето како изненадување. Сепак, за ова имала добра причина

400

Жена по име Викторија на ТикТок открила дека бременоста ја чувала во тајност, а потоа се појавила со бебето пред своето семејство. На видеото што го објавила таа влегува во куќата со бебе во торбата и вели: „Изненадување! Шокираната мајка ја гледа и возвраќа: „Се шегуваш? Викторија одмавнува со главата и ги кани мајката и таткото да се сретнат со нивниот внук.

„Го чувавме нашето бебе во тајност и го изненадивме семејството“, напишала Викторија, а во следните видеа покажала како реагираат останатите од семејството.
Нејзините видеа собраа милиони прегледи, а многумина се прашуваа зошто некој би ја чувал бременоста во тајност.

„Зошто луѓето ги кријат таквите вести од семејството?“

Во изјава за „Индипендент“, Викторија вели дека му рекла на својот сопруг Дерек дека сака да ја задржи бременоста во тајност поради претходни спонтани абортуси.

„Мислев дека тоа ќе биде забавно изненадување. Имав проблеми и претходно и не бев подготвена за нова загуба која подоцна би морала да ја споделам со моето семејство”, објаснила таа.
Посочува и дека семејството не било повредено што не им кажала дека е бремена.

„Повеќето луѓе не разбираат дека ги снимивме првите неколку секунди од нивните реакции, кога сè уште немаа обработено што се случува. Кога камерата се исклучи, сите го прегрнаа Тиријан, тој е многу сакано бебе“, тврди таа.

Таа успеа да ја задржи бременоста за себе со тоа што носеше широка облека и не се криеше од семејството.

Повеќе