Бум на прадедовци и прабаби

Прадедо кој го вози бебето на својата внука во количка за да може таа да се одмори, е глетка која воодушеви многумина кои го изгледале ова видео на ТикТок.

148

Видео од прадедо како го чува своето правнуче и ѝ овозможува на својата внука да добие малку заслужен одмор, ги стопи срцата на многу корисници на ТикТок. Во видеото кое е прегледано речиси три милиони пати, извесна @Emilyinwanderland го снимила својот дедо како шета низ градината туркајќи бебе во количка.

„Кога вашиот 95-годишен дедо шета низ градината за вашето бебе да заспие, а вие да уживате во оброкот без да ви го одвлекува вниманието“, напишала таа и додала дека дедото уживал во прошетката.
Сцената воодушеви многумина.

„Прекрасен момент. Имате среќа што го снимивте и имате такво сеќавање“, „Сите нека се сетат да снимат вакви моменти. Добивме технологија која ни овозможува да ги направиме овие моменти вечни“, напишале некои.

Еден службеник во Бирото за попис на САД, цитиран во Њујорк Тајмс, тврди дека Америка е среде бум на прабаби и прадедовци. Тој проценил дека до 2030 година, повеќето осумгодишници ќе имаат барем еден жив прабаба или прадедо.

Бејби бумери се луѓе родени помеѓу 1946 и 1964 година. Тие станувале родители многу млади, а и нивните деца имаат мали деца, што значи дека денес живеат три или четири генерации семејства.

Улогата на прабаба и прадедо е слична на онаа на баба и дедо, со неколку суптилни разлики.

„Некои прабаби и прадедовци повторно ги преживуваат своите улоги како баби и дедовци. Тие се грижат за своите правнуци, патуваат со нив, ги воспитуваат, пишува Liveabout.com.

@emilyinwanderland

He did not want to stop walking baby around. Love him! #greatgrandpa #grandpa #baby #family

♬ the winner takes it all – november
Повеќе