Што да правите кога децата не го дружат вашето дете?

Бидете добар слушател кога вашето дете ќе ви каже дека е отфрлено од врсниците. Престанете со тоа што го правите. Фокусирајте се на него.

516

Уште еден викенд и ќерка ми нема планови со пријателите. Таа е одлична девојка, но нејзиниот пат кон стекнување на пријателства е малку нерамен. Тешко ѝ е и кога гледам дека нема друштво и не знае што да прави со себе, ме растажува бидејќи знам дека е тажна.

Сфаќам дека има и други мајки кои поминале низ истото. Сестра ми беше една од нив. „Тешко е“, ми рече таа. „Но, обично станува подобро“. И таа го направи тоа за нејзиниот син. Откако издржа основно и средношколски години исполнети со отфрлање и повреденост, тој го заврши средното училиште со голема група пријатели, па дури и со девојка! Затоа, не седете со скрстени раце. Можете да направите некои работи за да им помогнете на вашите деца за време на фазата „отфрлени“.

Ослободете се од стигмата

Прво и најважно, внимателно постапувајте со вашето отфрлено дете. Дури и ако забележите некаква шема, избегнувајте да го етикетирате вашето дете со зборови како срамежливо, поинакво или непријатно. Добро е вашето дете да чувствува дека има работи што може да се направат за да се подобри ситуацијата или дека може да се помине тој предизвикувачки период и да се излезе на другата страна посилен. Фокусирајте се на добрите точки на вашето дете. Треба пораката да биде: „Ајде да видиме како можеме да го подобриме ова“, а не „Да откриеме што не е во ред со тебе и што правиш погрешно“.

Како што е кажано, ако на вашето дете му треба помош да научи како да се дружи, погледнете ги овие идеи. Само не заборавајте да ги споделите со вашето дете на чувствителен, неосудувачки начин.

Бидете планер за забава

Барајте можности за вашето дете. Одредете датуми за играње ако вашето дете е мало. За постарите деца, понудете да бидете домаќин на група деца за спиење кај вас или одење на кино. Охрабрете го вашето дете да се вклучи во активности каде што може да се дружи. Исполнете му го времето со посети на членовите на семејството, чување деца ако е доволно возрасно или со волонтерска работа. Ако вашето дете е на средношколска возраст или постаро, побарајте пријателства со други парови кои имаат деца на иста возраст.

Слушајте и сакајте

Бидете добар слушател кога вашето дете ќе ви каже дека е отфрлено од врсниците. Престанете со тоа што го правите. Фокусирајте се на него. Не давајте совет додека не заврши со разговорот. Кога давате совет, понудете го со љубов. „Душо, многу ми е жал што се чувствуваш така. Дали сакаш да се обидеш да смислиш некои начини за да ја подобриш оваа ситуација?“

Ако вашето дете, освен што е отфрлено, е и исмевано од другите деца, обрнете внимание и на тоа. Еден родител со кој разговарав рече дека неговиот син дошол кај него вознемирен откако некои деца му кажале дека е грд. Овој татко рекол: „Лука, дали ти се допаѓа твоето име? Малото момче рекло „да“. „Па, и мене ми се допаѓа. Мама и јас го избравме тоа име затоа што значи давател на светлина и ти ги разубавуваш нашите животи, Лука“.

Бидете пријател

Мојата ќерка поминува низ тежок период во моментов, па се трудам да бидам забавен придружник без навестување на сожалување. „Еј! Ајде да одиме да возиме велосипеди. Сакаш да играш игра? Сакаш да гледаш филм?“ Додека работам на тоа да ѝ помогнам да се дружи, ќе ја пополнам улогата што би требало да ја има една пријателка.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе