Жени, не ги умирајте мажите! Данско истражување докажало дека жените им го скратуваат животот на партнерите – со џандрливост

Истражување спроведено во Данска покажало дека во врските и браковите во кои има чести конфликти предизвикани од жените, кај мажите, особено кај средовечните, ризикот од смрт е зголемен дури за три пати.

1.426

Истражувањето спроведено во Данска, кое опфатило 9.857 мажи и жени на возраст од 36 до 52 години, покажало дека постои зголемена стапка на смртност кај мажите во врски или бракови во кои има чести конфликти предизвикани од страна на жените.

Имено, 315 од нив починале од стрес, за кој се претпоставува дека настанал поради расправија со партнерката. Исто така, поради незадоволителниот заеднички живот, истражувањето покажало дека средовечните мажи имаат зголемен ризик од смрт дури за три пати.

„Мажите, за разлика од жените, имаат помалку луѓе со кои можат да ги споделат своите грижи. Тие имаат само доверливи разговори за приватни теми со неколку пријатели или членови на семејството, а има и мажи кои никогаш не зборуваат за тоа. Ова е можна причина за зголемената стапка на смртност кај мажите“, вели д-р Рике Лунд од Одделот за јавно здравје на Универзитетот во Копенхаген.

Таа вели дека за мажите, нивната партнерка е често единствената личност на која сакаат да ѝ се доверат. Меѓутоа, кога таа ќе стане главната причина за грижа и нервоза, мажите стануваат депресивни, а тоа може да биде погубно за нивното здравје.

Исто така, кога се под стрес имаат тенденција да јадат брза храна, да пијат алкохол, страдаат од несоница, а сето тоа им го нарушува здравјето.

Од друга страна, данското истражување покажало дека жените, за разлика од мажите, се помалку вознемирени кога партнерот „им држи лекција“ и дека неговата џандрливост не влијае негативно врз здравјето на партнерката.

Повеќе