Насилството не мора да биде само физичко. Студија од 2013 година покажа дека емоционалната злоупотреба може да биде исто толку штетна како и физичката злоупотреба, бидејќи и двете придонесуваат за ниска самодоверба и депресија. За жал, емоционалната злоупотреба не е невообичаена. Важно е да бидете свесни за знаците на емоционална манипулација и злоупотреба за да знаете дали вашето дете е изложено на ризик.
Ниско самопочитување
Децата кои се емоционално малтретирани немаат премногу самопочит. Тие се обвинуваат себеси за сѐ што ќе тргне наопаку.
Склоност кон самоповредување
Недостатокот на самопочит може да предизвика потреба од самоповредување кај децата. Тоа најчесто се случува кога детето не може да се справи со своите емоции.
Ниска самодоверба
Емоционалното насилство го оневозможува детето да верува во себе и да се потпира на себе.
Неможност да се контролираат емоциите
Децата кои доживуваат насилство често не знаат и не можат да ги контролираат сопствените емоции.
Тешкотии при создавање на пријателства
Децата обично лесно се поврзуваат едни со други. Меѓутоа, ако детето е емоционално повредено, ќе му биде тешко да се дружи со други деца.
Однесување спротивно на возраста
Децата кои се жртви на насилство често не се однесуваат во согласност со нивната возраст. Или се детинести подолг период или прерано растат.
Губење на интерес за активности
Ако детето одеднаш изгуби интерес за активностите во кои вообичаено ужива, може да има проблем. Емоционално злоупотребените деца не уживаат во училишните, но ниту во вонучилишните активности.
Изолираност
Поради тешкотиите низ кои поминале, емоционално малтретираните деца сакаат да бидат изолирани и секогаш ќе бараат причини да бидат сами.
Проблеми со концентрацијата
На злоупотребените деца им е тешко да се фокусираат на нормални активности како што се играње или учење. Понекогаш немаат волја да разговараат.
Регресија
Ако детето одеднаш се однесува како да се уназадува, неопходно е да се открие причината за проблемот. Регресијата обично се случува кога детето е под стрес. Се манифестира на многу начини, во зависност од детето и возраста, но најчесто во вид на мокрење во кревет и постојано будење.