Обрнете внимание: Ова се главните показатели дека вашето дете е под стрес
Иако децата немаат секогаш доволно емоционална интелигенција или доволно развиен вокабулар за да се изразат, емоционалните знаци или однесувањето може многу добро да укажуваат на тоа дека минуваат низ стресен период и им треба помош.
Живееме во времиња кога стресот е неизбежен. Светот доживува драстични промени, а на тоа не се имуни ниту децата. Kids Minds Matter пишува дека децата, исто како и возрасните, можат да бидат под стрес, но показателите не се секогаш јасно видливи.
Иако децата немаат секогаш доволно емоционална интелигенција или доволно развиен вокабулар за да се изразат, емоционалните знаци или однесувањето може многу добро да укажуваат на тоа дека минуваат низ стресен период и им треба помош.
Експертите објаснуваат како стресот кај децата може да се манифестира преку промени во нивното типично однесување. Секоја возраст има различни симптоми, но некои од најчестите знаци се нерасположение или раздразливост, незаинтересираност за активностите во кои детето некогаш уживало, загриженост, плачење, покажување страв во ситуации од кои детето претходно не се плашело. Освен тоа, детето е повеќе врзано за родителите, па се појавуваат промени во апетитот и сонот.
Стрес кај деца на возраст од 3 до 7 години
Децата од оваа возрасна група, доколку се под стрес, може да покажат знаци на регресија. На пример, децата кои биле успешно обучени за нокшир или тоалет, може наеднаш да се измочкаат во креветот. Детето исто така може повторно да почне да го цица палецот.
Може да се појават и проблеми со обрнување внимание на работите околу себе, напади на бес или вознемиреност од разделување. Исто така, може да има расправии за јадење и одење на спиење.
Стрес кај деца на возраст од 7 до 10 години
Оваа возрасна група е нешто посвесна за необичните времиња во кои се наоѓаме. Тие можат да се плашат за сопственото здравје и да се грижат за своето семејство. Ова обично се однесува на бабите и дедовците, но често и на родителите. Децата го изразуваат тоа за да можат да ги ослободат своите стравови во форма на гнев или раздразливост.
Други симптоми се грижата, анксиозноста, а кај некои деца се забележуваат промени во однесувањето – дома се однесуваат на еден начин, а на училиште или со пријателите на сосема поинаков начин. Сето ова се знаци дека детето поминува низ стресен период и дека му е потребна помош.
Стрес кај деца на возраст од 10 до 13 години
Во овој период почнуваат да се појавуваат бунт и непослушност. Родителите често забележуваат отпор кај децата кога треба да завршат домашна или некоја друга задача/работа што им е доделена. Децата од оваа возрасна група исто така имаат помала веројатност да зборуваат за своите грижи и стравови, но експертите предупредуваат дека тоа не значи дека ги немаат.