Научниците открија интересна предност на бременоста по 35-тата година од животот

Имено, тие откриле дека подоцнежната бременост позитивно влијае на мозокот на мајката, односно го спречува губењето на меморијата подоцна во животот.

4.558


Иако сè поголем број жени одлучуваат да забременат на подоцнежна возраст, сепак постои одредена стигма кога станува збор за трудници постари од 35 години. Најновото истражување, чии резултати беа објавени во Journal of the American Geriatrics Society, покажаа многу интересно откритие на научниците

Имено, тие откриле дека подоцнежната бременост позитивно влијае на мозокот на мајката, односно го спречува губењето на меморијата подоцна во животот. Во истражувањето учествувале 830 жени кои биле во постменопауза, а научниците ја снимиле нивната вербална меморија, функционалните вештини и општите знаења.

Тие, исто така, ја проучувале возраста на која жените го добиле првиот циклус, кога забремениле, колку бремености имале дотогаш и некои други слични фактори со цел да најдат одговор на прашањето како бременоста, со оглед на нивната возраст, влијаела на нивното ментално здравје.

Резултатите покажале дека жените кои родиле по 35 години имале подобра меморија, додека мајките кои го добиле првото дете на порана возраст, помеѓу 15 и 24 години, имале полошо здравје и послаби функционални вештини во четириесеттите.

Повеќе