Кои се најдобрите положби за породување? Не, не мора да лежите на грб (ВИДЕО)

Откако во видео на ТикТок покажала повеќе пози во кои може да биде жената додека се породува, оваа жена поттикнала интересна дискусија. Дали сте размислувале за поинаква положба од онаа, лежејќи на грб?

676

Кога размислувате за породувањето, веројатно си замислувате жена како лежи на грб во болнички кревет. Затоа видеото на Дијаша Џонс во кое таа покажала различни положби на раѓање, станало ултра популарно. Особено со оглед на тоа што таа ги испробала сите додека ги раѓала своите три деца во домашни услови.

Снимката собрала речиси милион прегледи, а Дијаша покажала четири различни пози: на сите четири, на колена, клечејќи и лежејќи на страна. Ова предизвикало интересна дискусија. Додека некои ги споделуваат своите искуства, други прашуваат зошто лежењето на грб е норма во болниците.

„Слушнав дека повеќе туркаш ако лежиш на грб и трошиш повеќе енергија. Дали некогаш сте виделе дека животните раѓаат стоејќи“, „Легнав на страна, а бебето излезе после 15 минути“, „Мојата баба раѓала клекната. Чувствувам дека е така подобро и дека би требало да пробам“, „Мајка ми ме родила додека стоела, а лекарите биле многу лути“, пишуваат жените во коментарите.

BuzzFeed ја контактирал Дијаша за да дознае како дознала за овие пози и зошто воопшто решила да се породи дома.

„Отсекогаш сум била повеќе склона кон тоа да ги правам работите на поприроден начин. Како Афроамериканка која знае дека стапката на смртност при породување во болниците е поголема, решив да ги истражам сите достапни извори“, рекла таа.

Таа ја посетила болницата. Ѝ објасниле дека породувањето ќе трае неколку часа, а потоа веднаш ќе си оди дома. Затоа решила да се породи дома, во познато опкружување, како што сака.

Во однос на стапките на смртност на мајките, во 2018 година, САД биле на самиот врв со 17,4 случаи на 100.000 живородени деца. Втора највисока стапка на смртност има Франција со 8,7 смртни случаи на 100.000 живородени деца, додека најниска стапка има во Нов Зеланд, каде што се забележани 1,7 смртни случаи на 100.000 живородени.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) откриле дека во САД, 40,8 Афроамериканки умираат на 100.000 живородени деца, за разлика од 13 жени со бела раса на 100.000 живородени деца. Ова значи дека Афроамериканските жени имаат три до четири пати поголеми шанси да доживеат смрт предизвикана од бременост.

„Сè се сведува на инстинктот кога ќе дојде време за туркање. Немам поминато 18 часа во клечење. Породувањето бара време, а кога ќе дојде време за туркање, се ставав во позиција што ми беше најпријатна“, рекла Дијаша.

Кога се родило првото дете, таа клекнала на колена, а бебето излегло со две туркања. Кога ја раѓала ќерката прошетала, а потоа влегла во базенот и легнала на страна. Последното, третото раѓање, било на колена и клекната.

Повеќе