Ако вашето дете има кашлица која звучи како кучешко лаење, веројатно има Омикрон

Иако звучи застрашувачки, кашлицата при акутен ларинготрахеобронхитис која наликува на кучепко лаење, обично лесно се лекува, велат лекарите.

976

Се чини дека омикронската варијанта на ковид-19 ги погодува децата под 5-годишна возраст на нов начин: кај нив се појавува остра кашлица која наликува на кучешко лаење, а позната е како круп.

Иако крупот генерално не е штетен, може да биде застрашувачки за родителите кои се плашат за нивните бебиња и мали деца, кои се премали за вакцина.

Лекарите велат дека ова најверојатно се случува бидејќи се чини дека омикронот има тенденција да се смести повисоко во респираторниот тракт, наместо подлабоко во белите дробови.

„Дишните патишта кај малите деца се многу кратки, така што малку е потребно да се создаде проблем и тешкотија при дишењето“, вели лекарот Бади Крич, педијатар специјалист за инфективни болести од Универзитетот во Нешвил, Тенеси. Кога дише детето со тесни, воспалени дишни патишта, тоа испушта карактеристичен шум и може да резултира со кашлица што звучи како лаење на куче или звуци на фока.. Многу сезонски вируси предизвикуваат инфекција на респираторниот тракт и доведуваат до бронхитис. Сега на таа листа треба да се додаде и омикрон.

Она што е добро во сето тоа е што ваквиот вид воспаление на дишните патишта им е многу добро познато на лекарите. Тоа е една од првите дијагнози за кои преку искуство учат лекарите и е една од најчестите кај малите деца.

Д-р Ејми Едвардс, педијатар за инфективни болести во Универзитетската болница за бебиња и деца во Кливленд, се согласува со овие забелешки. Иако оваа кашлица звучи застрашувачки, тоа не значи дека постои проблем со белите дробови, рекла таа. „Основна терапија е одржување на горните дишни патишта чисти, преку инхалација“, објаснила Едвардс.Таа и другите експерти сакаат да ги уверат родителите дека поголемиот дел од малите деца со ковид-19 може да имаат поблага болест. Но, можно е да развијат и сериозни компликации кои бараат хоспитализација. Податоците во САД покажуваат дека е зголемен бројот на хоспитализации кај децата и тоа на возраст под 5 години. Вакцините се еден од најдобрите начини за заштита од инфекција, но тие сè уште не се препорачани за најмладите. Сепак, експертите велат дека најдобрата одбрана за невакцинираните деца е да ги опколите со возрасни лица околу нив кои се вакцинирани.

„За оние што не се вакцинирани, ова ќе биде тежок период. Тоа може да ги вклучува и малите деца, па затоа треба да се заштитат најдобро што можат“, заклучуваат експертите.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе