Како реагира вашето дете на лошите оценки?

Набљудувајте го вашето дете во различни ситуации, на пример, кога добива лоши оценки, кога ќе загуби во натпревар или кога не се согласува со другите. Задолжително реагирајте на следните реченици

91

Како вашето дете реагира на лоши оценки? Истражувањата покажуваат дека реакцијата на детето и образложението на личниот неуспех зборува многу за тоа дали тоа ќе престане да се труди. Помогнете му на детето со тоа што ќе обрнете внимание на она што го зборува кога го опишува неговиот неуспех во нешто.

Покажете му како да ги гледа работите од друг агол, да изгради самодоверба и да ја подобри својата ефикасност.

Почнете така што ќе го следите вашето дете во различни ситуации, на пример, кога добива лоши оценки, кога ќе загуби во натпревар или кога не се согласува со другите. Задолжително реагирајте на следните реченици:

Јас сум виновен (а) – Детето сѐ разбира лично

Како децата, така и возрасните кои се обвинуваат себе си за се, без да обрнат внимение на работите кои се надвор од нивното влијание, а кои придонсуваат за неуспехот, најверојатно имаат ниско ниво на самодоверба. Тоа ќе го препознаете во реченицата: „Јас сум глупав, ете зошто добив единица“, која покажува дека детето оценката ја разбрало лично. За разлика од тоа, реченицата „Воопшто не учев доволно сега“, „Наставникот тоа не ни го објасни добро“ или „Бев гладна и нервозна затоа што не стигнав да појадувам“, се објаснувања поврзани со надворешните причини. И сите се поврзани за работи на кои може да се влијае следниот пат.

Никогаш не ги правам добро контролните. Секогаш правам грешки – Детето сѐ гледа како трајно и неминливо

Ако вашето дете го користи зборот „секогаш“ и „никогаш“ за да го објасни својот неуспех, потребно е да поработите на неговата самодоверба, така што ќе го потсетите на моментите кога ќе се случи спротивното. Можете да го потсетите на тестот по македонски од минатата недела, кој го направил одлично или на некој друг успех кој го постигнал. Помогнете му грешките и неуспехот да ги види како привремена ситуација од која може нешто да научи.

Ништо не ми оди од рака. Сѐ што ќе направам е погрешно – Детето неуспехот го гледа како општоприсутна појава.

Научете го детето да го гледа неуспехот како изолиран случај, така што неуспехот во училиштето да не не влијае врз сте други полиња од животот. Секое дете има свои посилни страни. Училиштето ја нагласува важноста на оценките, но и во реалниот живот постојат луѓе кои не биле добри во училиштето, но и покрај тоа се многу талентирани за нешто, само не на начин на кој тоа се мери во училиштето.

Откријте ги силните страни на вашето дете и истакнувајте ги. Помогнете му да го поправи успехот во училиштето, но исто така поддржувајте го и фалете ги неговите успеси на другите полиња, надвор од училницата, без разлика дали станува збор за музика, спорт, односот со другарчињата и слично.

Повеќе