Болничарка предупреди на храната што никогаш не им ја дава на своите деца: „Предизвикува гушење“.

Некои намирници, поради нивната форма, текстура и големина, претставуваат многу голем ризик од гушење. Токму затоа тие не треба да им се даваат на децата до петтата година, кога ќе ги имаат сите потребни заби и ќе бидат развојно способни да ги џвакаат и голтаат тие намирници

993

Болничарката и мајка на три деца Ники Јуркуц редовно објавува совети и предупредувања за родителите на нејзиниот Инстаграм профил на Tiny Hearts Education, од кои многу се однесуваат на безбедноста на децата. Таа неодамна објави видео во кое предупредува за храната која никогаш не им ја дава на своите деца, бидејќи, како што вели, одредени видови храна претставуваат висок ризик од гушење.

„Како медицинска сестра имав можност да видам многу случаи на гушење кај деца. Многумина од нив беа малечки, не постари од три или четири години.

Имено, не се сите намирници исти. Некои, поради нивната форма, текстура и големина, претставуваат многу поголем ризик од гушење. Токму затоа тие се на мојата листа на храна што не им ја давам на децата до петтата година, кога ќе ги имаат сите потребни заби и ќе бидат развојно способни да ја џвакаат и голтаат таа храна“, напиша таа во описот на видеото.

Листата од намирници за кои тврди дека родителите никогаш не треба им ги даваат на малите деца вклучува пуканки, бонбони, јаткасти плодови и гуми за џвакање.

Повеќе