Како разводот влијае на идните партнерски односи кај децата? Еве што велат психолозите

Психолозите предупредуваат дека децата чии родители се разведени имаат поголема веројатност да наидат на проблеми кои вклучуваат доверба во партнерските односи, односно, недостаток на истата подоцна во животот.

115

Иако во денешно време разводот станува сè почест, сепак ефектите што тој ги има врз децата се исто толку штетни. Истражувањата покажаа дека, иако децата се навикнуваат на оваа ситуација со текот на времето, разводот може да има влијание на многу работи во нивниот живот, вклучувајќи ги и идните врски.

Како што е потврдено од студијата на истражувачите од Универзитетот во Илиноис и Државниот универзитет во Флорида, чии резултати беа објавени во The Huffington Post, факторите на ризик за повторување на родителските грешки во односите и сопственото искуство со развод се повисоки во споредба со оние кои не доживеале родителски развод.

Исто така, психолозите предупредуваат дека децата чии родители се разведени имаат поголема веројатност да наидат на проблеми кои вклучуваат доверба во партнерските односи, односно, недостаток на истата подоцна во животот.

Имено, научниците од Универзитетот МекКендри ги испитале и ефектите од разводот на родителите и откриле дека кога детето по разводот покажува модели на однесување што ги преземал од родителите, тој ги интернализира своите чувства и има послаба доверба кон другите или недоверба кон сите партнерски односи во целина.

Студијата покажала дека возрасните жени имаат поголема веројатност да покажат страв од отфрлање, изневерување или повреда во врската, додека машките учесници генерално имаат помалку доверба во романтична врска.

Повеќе