Зошто останувањето во токсичен брак е поболно за детето отколку разводот?
Децата кои растат во стресно домаќинство може да развијат анксиозност, депресија и други проблеми, додека децата чии родители се разведуваат имаат тенденција добро да се приспособат со текот на времето. Ова е особено точно во ситуации кога родителите се спремни да најдат начин да имаат здрав развод со фокус на доброто на нивните деца.
Разводот е ретко безболен во секое семејство. Иако мислиме дека понекогаш е подобро да се остане во лош брак заради децата, експертите сметаат дека всушност разводот во такви ситуации може да донесе посреќна иднина за децата, додека останувањето може да значи страдање за сите. Еве шест причини зошто тешкиот брак може да биде полош за децата од разводот.
Децата ќе ги копираат нездравите односи на нивните родители
Децата како сунѓер апсорбираат сѐ што ги опкружува. Кога ќе ги видат нивните родители како се караат и тие ќе го прават тоа. Децата може да почнат да мислат дека е во ред да се задоволат со несреќен брак и ќе станат сомничави во сопствената способност да развијат здрава, љубовна врска.
Веројатно никогаш нема да се навикне на родителските кавги
Децата се многу чувствителни на семејни конфликти. Ако родителите не се почитуваат едни со други, социјалната и емоционалната благосостојба на нивните деца е загрозена. Напнатоста меѓу родителите може да го загрози чувството на сигурност на детето, предизвикувајќи тие да се чувствуваат отфрлено, несигурно и виновно. И наместо да се помири со тоа, детето може на крајот да порасне во возрасен човек со ниска самодоверба, проблеми со довербата и чувство на безвредност.
Децата стануваат почувствителни на стрес
Кога децата не се чувствуваат безбедно во својот дом, тие можат да страдаат од стрес. Анксиозноста може да ги доведе до кошмари и чувства на страв.
Може да имаат проблеми во градењето односи
Децата кои живеат во токсична средина во зрелоста може да имаат потешкотии да градат балансирани односи со врсниците, додека односите со браќата и сестрите може да станат презаштитнички или пак дистанцирани.
Ќе се обидат да ги затапат своите емоции и да усвојат лоши навики
Како одговор на стресната ситуација во семејството, децата може да развијат нездрави навики. Ова може да биде прејадување, прекумерно играње видео игри, губење на интерес за училиште, тепачка со врсниците или агресивно однесување.
Децата можат да се плашат од сопствените емоции
Критиката и лутината можат да бидат дел од нормална врска, но деструктивните тактики на родителство, како што се избегнување и вербална агресија, може да ги натераат децата да мислат дека изразувањето на нивните чувства не е безбедна стратегија.
Децата обично подобро се снаоѓаат надвор од токсичната средина, дури и ако нивните родители се разделиле. Додека оние кои растат во стресно домаќинство може да развијат анксиозност, депресија и други проблеми, децата чии родители се разведуваат имаат тенденција добро да се приспособат со текот на времето. Ова е особено точно во ситуации кога родителите се спремни да одржат пријателски однос и да најдат начин да имаат здрав развод со фокус на доброто на нивните деца.