Мускулите за пливање им даваат на децата лажна сигурност!

Мускулите за пливање не се причина да се опуштите и да ги оставите децата без надзор. Тие им даваат чувство на лажна сигурност и на децата и на родителите

98

Ако имате мал непливач, внимавајте. Пливачите и освојувачите на златни олимписки медали Роуди Гејнс, Френклин Џонсон и Кален Џонс велат дека мускулите за пливање даваат лажно чувство на сигурност.

„Ако децата носат мускули за пливање, мислат дека се безбедни во водата, па следниот пат кога ќе видат водена површина, би можеле да се затрчаат кон неа. Затоа, ако баш мора да користите мускули, треба да знаете дека вашето дете не е безбедно само поради тоа што ги носи“, рекол Френклин Џонсон во емисијата Today.

Роуди, кој ја води Step Into Swim, иницијатива која промовира едукација за безбедност во водата, верува дека мускулите се одлична алатка за навикнување на децата на водата. Но посочува дека тие не треба да се користат како изговор да не се грижите за детето додека е во вода.

„Ги замолувам родителите да не ги тргаат очите од децата кога се во или околу вода. Мускулите исто така им даваат лажно чувство на сигурност и на родителите“, предупредува тој.
Наместо тоа, експертите ги советуваат родителите да ги запишат своите деца на часови по пливање. Имено, истражувањето покажало дека ова ќе го намали ризикот од давење за неверојатни 88 проценти.

Дополнително, друга професионална пливачка, Натали Ливингстон, потсетува и дека само затоа што детето знае да плива, родителите не треба да претпоставуваат дека нема опасност од давење.

„Гледаме дека давење им се случува и на оние кои знаат да пливаат. Луѓето може да имаат медицински проблеми, да добијат грч, да се уморат и да исчезнат под вода“, заклучила таа.

Повеќе