Ова се јасни знаци дека детето влегло во пубертет

Иако секое дете влегува во пубертет кога е подготвено, во повеќето случаи тоа се случува околу 12-годишна возраст со тоа што, кај девојчињата ова се случува порано отколку кај момчињата

260

Пубертетот е последниот дел од детството, односно период во кој детското тело созрева во тело на возрасен човек способен за репродукција. Иако секое дете влегува во пубертет кога е подготвено, во повеќето случаи тоа се случува околу 12-годишна возраст. Девојчињата често влегуваат во пубертет две години порано од момчињата. Како што објаснуваат лекарите, постојат неколку знаци кои јасно покажуваат дека детето влегло во таа фаза од животот.
Знаци на пубертет кај девојчињата вклучуваат раст на срамни и други влакна на телото, зголемено потење, нагло растење во висина, развој на градите, почеток на менструацијата и проблеми со кожата, најчесто појава на мозолчиња или акни.

Кај момчињата, знаците на пубертет се слични. Тие исто така вклучуваат раст на срамни влакна, други влакна на телото и на лицето, зголемено потење, брз раст на висината и промени на кожата, но и зголемување на тестисите и пенисот, раст на мускулите и продлабочување на гласот.

Покрај физичките промени, пубертетот носи и психолошки промени. Вообичаени се промените во расположението кај децата, како и ненадејното согледување на сопствената сексуалност, развојот на идентитетот и желбата за стекнување независност од родителите. Како што објаснуваат психолозите, детето во пубертет исто така често влегува во конфликт со еден или со двајцата родители.

Повеќе