Не сакам да зборувам со тебе! Дали често му го велите ова на вашето дете?

Психолозите откриваат која фраза манипулативните родители често им ја кажуваат на своите деца

99

Манипулативниот родител користи различни тактики за да ги контролира, експлоатира или влијае на своите деца и со тоа да го добие она што го сака или да ги задоволи сопствените потреби, притоа не водејќи сметка за доброто на децата. Како што објаснуваат психолозите од Parenting for Brain, манипулативната тактика на родителите може да вклучува емоционална манипулација, лаги, предизвикување вина, закани и други форми на психичко малтретирање.

Ваквото однесување може да има исклучително негативно влијание врз емоционалното здравје на детето, а во исто време може да доведе до токсична семејна динамика и проблеми во односот помеѓу детето и родителите. Имено, манипулативните мајки или татковци често кажуваат работи за да стекнат одредена контрола, влијание или да ги постигнат своите лични цели или желби.

Овие цели може да варираат од едноставни работи како што се да ги натерате децата да извршуваат задолженија или да ги почитуваат семејните правила до посложени или себични цели како што се исполнување на своите незадоволени емоционални потреби или живење посредно, преку нив. За да го постигнат тоа, родителите користат одредени фрази за да добијат контрола, а една од нив ја користат особено често.

„Не сакам да зборувам со тебе“ е една од фразите која често ја користат родителите склони кон емоционална манипулација, а овој тип на манипулација всушност се нарекува третман со тишина или „silent treatment“. Психолозите објаснуваат дека ова е една од најчестите, но и најсуровата тактика на родителите – емоционални манипулатори.

Имено, ваквото однесување може да ја доведе жртвата, во случајов детето, до целосно разорување на психата. Родителите прибегнуваат кон овој вид на злоупотреба и казнување со намера да го натераат детето да се чувствува лошо за нешто што го направило или не сака да го направи. Тие одбиваат да разговараат со детето, поради што тоа се чувствува лошо, а токму тоа го сакаат родителите манипулатори.

Повеќе