Едногодишно момче се храни како веган, мајка му тврди: Никогаш не се премлади за тоа
исхраната на нејзиното синче се состои од овесни снегулки, јогурт на база на кокос, различен зеленчук, наут, грав, мајчино млеко и додатоци во исхраната кои се безбедни за бебињата. Иако е свесна дека педијатрите најверојатно нема да ја поддржат нејзината одлука, таа тврди дека не ѝ е грижа.
Мајката, Анабел Фенвик Елиот со години избегнува месо и други производи од животинско потекло, а истото го учи и својот едногодишен син Џаспер. Како што пренесува Њујорк пост, таа ветила дека ќе го одгледува на строга диета базирана на растителна храна и дека омилената храна на децата како сладолед или бонбони не доаѓа предвид.
Имено, исхраната на нејзиното синче се состои од овесни снегулки, јогурт на база на кокос, различен зеленчук, наут, грав, мајчино млеко и додатоци во исхраната кои се безбедни за бебињата. Иако е свесна дека педијатрите најверојатно нема да ја поддржат нејзината одлука, таа тврди дека не ѝ е грижа.
„Веганската исхрана ми го промени животот и сакам да ги воспитувам и моите деца на тој начин. Мислам дека никогаш не се премногу млади за да бидат вегани, без разлика што велат експертите“, вели оваа мајка, која признава дека околината често ја осудува за ваквиот начин на исхрана.
„Повеќето од луѓето околу мене не се согласуваат да му давам на Џаспер само веганска храна, но не ми е грижа. Верувам дека тоа е добра одлука, тој никогаш не бил болен и се развива како неговите врсници. Ќе биде веган додека не порасне доволно за сам да одлучи што сака да јаде, немам намера да го терам на ништо“, додала Анабел.