На што да се внимава при купувањето училишна чанта?
Тежината на самата торба е многу важна и таа не треба да надминува 10 до 15 проценти од тежината на детето. За жал, тешките чанти се глобален проблем, препознаен во многу земји во светот па да се надеваме дека во иднина ќе се преземаат сè повеќе мерки за намалување на споменатите проблеми.
Денес почна новата учебна година, а родителите, меѓу другото, ги чека и набавка на училишна чанта. Еве на што треба да внимаваат родителите при купувањето чанти за учениците.
„Родителите треба да внимаваат на големината и тежината на чантата, да е ергономски дизајнирана и изработена од квалитетен материјал. Пожелно е да има доволно прегради и џебови за да се овозможи организирање на училишните работи и рамномерно распоредување на товарот“, објаснуваат физијатрите.
Исто така, секоја училишна чанта треба да има рефлектирачки ознаки кои обезбедуваат добра видливост во темница за децата да бидат безбедни како пешаци во сообраќајот.
Тежината на самата торба е многу важна и таа не треба да надминува 10 до 15 проценти од тежината на детето. За жал, тешките чанти се глобален проблем, препознаен во многу земји во светот па да се надеваме дека во иднина ќе се преземаат сè повеќе мерки за намалување на споменатите проблеми.
Ако детето носи несоодветна училишна торба, без разлика дали се работи за нејзината форма, материјал или тежина, последиците можат да бидат опасни.
Несоодветната чанта може да има влијание врз целокупното држење на телото, односно врз држењето на детето, неправилно оптоварување, непријатност при носење, нарушена рамнотежа и слично. Сето горенаведено може да доведе до болки во рамената, долниот дел на грбот, како и во други делови на мускулно-скелетниот систем, замор и исцрпеност.