Дебелите деца имаат поголем ризик да развијат депресија во зрелоста

Разбирањето на врската помеѓу менталното лошо здравје и тежината во адолесценцијата е од клучно значење за да се обезбеди навремена поддршка онаму каде што е потребно

45

Децата со висок индекс на телесна маса (БМИ) се изложени на поголем ризик од депресија, покажува новото истражување. Како што објави британски Дејли Мејл, прекумерната тежина на возраст меѓу 12 и 16 години имала најголемо влијание врз развојот на депресија во зрелоста.

Д-р Елен Томпсон, која ја водела студијата, рекла: „Разбирањето на врската помеѓу менталното лошо здравје и тежината во адолесценцијата е од клучно значење за да се обезбеди навремена поддршка онаму каде што е потребно. Оваа студија ни покажува директна врска помеѓу повисокиот БМИ на возраст од 12 години и последователните симптоми на депресија на подоцнежна возраст“.

Според Талија Ели, професор по развојна бихејвиорална генетика на Кралскиот колеџ во Лондон, оваа студија јасно покажува дека раната адолесценција е критична точка за развој на депресивни симптоми поврзани со зголемување на телесната тежина.

„Лошото здравје и дебелината се растечки грижи за младите луѓе во Велика Британија, а оваа студија покажува како тие две се поврзани. Работата со млади тинејџери за да се поддржат во тоа да имаат позитивна слика за своето тело користејќи стратегии како што се фокусирање на здравјето и благосостојбата, наместо на тежината, може да биде корисно во спречувањето на депресијата“, објаснува Ели.

Повеќе