Неспорно е дека мајчиното млеко има многу придобивки за бебето, но кога да престанете да го доите бебето е сè уште контроверзна тема за многу родители. Покрај тоа, една мајка е обвинета за сексуален напад бидејќи планира да ја дои својата ќерка до шестгодишна возраст.
20-годишната Џејси вели дека истото го планира и со децата што ќе ги има во иднина и воопшто не се согласува дека тоа на било кој начин може да биде негативно за детето.
„Продолженото доење не е сексуален напад. Нема ништо сексуално во тоа да го храните бебето. Само затоа што ги сексуализирате градите не значи дека и бебето го прави тоа. Бебето јаде“, објаснила таа во видеото прегледано 1,8 милиони пати.
Џејси ги истакнува здравствените придобивки од доењето и за мајката и за детето, но повеќето сепак веруваат дека доењето до шестата година е претерано.