Бремена си или имаш корона? (ВИДЕО)

Во време на пандемија, тестот за бременост лесно може да ве збуни. Тиктокерка му испратила на момчето позитивен тест за бременост, тој мислел дека е позитивна на корона

416

Тиктокерката Хана Алексис Грејс насмеа милиони со своето видео во кое ја објави реакцијата на своето момче на веста дека е бремена. Имено, во пораката му напишала дека знае зошто се чувствува лошо и му испратила фотографија од позитивен тест за бременост.

„Се шегуваш со мене“, одговорило нејзиното момче Чарли.

„Не, не се шегувам. Буквално се тресам”, напишала Хана.

По серијата пцовки, Чарли ја прашал дали кажала на некој друг, а таа именувала двајца пријатели. Отпрвин била збунета од неговата реакција на добрата вест, но набрзо сфатила за што се работи. Имено, несвесен за ситуацијата, нејзиното момче ѝ напишало да не паничи и дека и двајцата ќе мора да се изолираат десет дена.

За среќа, Хана успеала да го расчисти недоразбирањето, а Чарли бил воодушевен кога сфатил дека ќе стане татко. Снимката собра над 25 милиони прегледи.

Повеќе