Дали е потешко да се одгледа син или ќерка?

Родителството е предизвик само по себе, а воспитувањето дете не е ниту лесно ниту едноставно. Но, се поставува прашањето дали е полесно да се одгледа син или ќерка? Дали воопшто има разлика? Што мислите вие за ова?

282

Британската веб-страница Childcare спроведе анкета меѓу своите читатели во која учествуваа 6.225 луѓе со деца на возраст меѓу 6 месеци и 15 години. За потребите на оваа анкета тие искрено одговорија дали е полесно да се одгледува син или ќерка?

Како што изгледа, според одговорите, според 66 отсто од родителите од Велика Британија, полесно е да се воспитува момче.17 отсто од родителите рекле дека е полесно да се одгледува девојче, додека 13 отсто од родителите признаваат дека е подеднакво тешко да се воспитуваат и двата пола.

Родителите им дале предност на своите синови за полесно воспитување врз основа на нивните емоционални потреби, комуникација, однесување и отпорност.

На прашањето зошто родителите веруваат дека момчињата се полесни за воспитување:

  • 36 проценти рекле дека тоа е поради подносливи емоционални потреби,
  • 29 проценти ја нагласуваат издржливоста,
  • 25 проценти велат дека тоа е поради подобрата комуникација,
  • 10 проценти од родителите истакнуваат дека синовите генерално се однесуваат подобро од ќерките.

Од родителите, исто така, било побарано да дадат конкретни примери за предизвиците со кои се соочиле при воспитувањето на нивните деца, а како најчести причини за потешко воспитување на девојчињата се наведуваат нападите на бес, непослушност и возвраќање на зборови.

Освен тоа, родителите откриле која возраст на децата е најтешкиот период во воспитувањето на момчињата и девојчињата. 42 отсто од родителите рекле дека е најтешко да се воспитуваат девојчиња на возраст од 12 до 15 години, додека 35 отсто од нив ја избрале возраста од 2 до 4 години како најпредизвикувачки во воспитувањето на нивните ќерки.

67 отсто од анкетираните родители откриваат дека најтешкиот период за воспитување момче е на возраст од 5 до 8 години.

Слични резултати се забележани и во Соединетите Американски Држави, каде што, според анкетата на Галуп, 54 отсто од Американците изјавиле дека е полесно да се воспитуваат момчиња.

Повеќе