Скруџинг (Scrooging) е новиот тренд кој се однесува на ситуација кога некој ја прекинува врската со партнерот непосредно пред Божиќ за да ја избегне обврската за купување подароци. Името доаѓа од ликот Ебенезер Скруџ од романот на Чарлс Дикенс „Божиќна песна“ од 1843 година, чиј лик е познат по презирот кон Божиќ и сѐ што е поврзано со овој празник.
Експертите веруваат дека луѓето кои се подготвени да ја прекинат врската поради избегнување на купување подароци може да имаат особини кои се препорачува да се избегнуваат. Оние кои практикуваат scrooging обично не ги гледаат своите партнери како дел од нивната долгорочна иднина и не сакаат да трошат пари на нив, пренесува Times Now.
Освен тоа, овие личности може да покажат и други себични особини, како на пример избегнување средба со пријателите и семејството на партнерот. Таквите партнери често изгледаат егоцентрично, а прекинот поради избегнување давање подароци при што може да биде во прашање интерес за друга личност.