Јазикот што го користиме со нашите деца, дури и кога е најбанален, е составен дел од нивниот развој.
Д-р Колин Рајхман, која е мајка и психолог, споделила пет фрази што ги користи со своите мали деца. Таа ги споделила следните зборови на поддршка:
„Ти верувам.“
„Жал ми е. Мама згреши“.
„Ти благодарам што го сподели тоа чувство со мене.“
„Тоа навистина болеше, нели? Во ред е да плачеш, ни јас не сакам да сум повредена“.
„Секако дека можеш да си ставиш уште храна“.
„Нежното родителство“ е популарна техника денес. Методот беше критикуван од некои кои веруваат дека е премногу попустлива и дека не е нежна кон родителите. Сепак, вистинската суштина на „нежното родителство“ е да се поврзете со вашето дете и да се грижите да ги регулирате сопствените емоции за подобро да му помогнете на вашето дете да ги регулира своите кога се чувствува вознемирено.
Како и сè во врска со родителството, тоа е напорна, често исцрпувачка работа, но долгорочно ќе се исплати. На крајот на краиштата и децата се луѓе и ако сакаме да пораснат во отпорни, емоционално стабилни возрасни луѓе, мора да се однесуваме со почит кон нив и да ги научиме да не почитуваат и нас и другите во тој процес.
Запомнете, вашето дете гледа сè што правите и ќе ги повтори вашите зборови и постапки. Значи, исто како што вели старата поговорка, однесувајте се со нив онака како што би сакале да се однесуваат со вас.