Тренерката Марија Ковач објави рецепт за поздрава верзија на смоки. Идејата е идеална за оние кои сакаат да ослабат, а повремено сакаат да се почестат со некоја грицка, како и за родителите кои сакаат да им понудат на своите деца здрава ужина.
Состојки:
снег од две белки
една лажичка путер од кикиритки
40 грама кикиритки (идеално бланширани, несолени, но може и да се пропржат на суво и без сол)
Приготвување:
Соединете ги состојките и посолете по желба. Формирајте смокви. Печете ги 30 минути во рерна загреана на 160°C.
За популарноста на рецептот говори и фактот што за еден ден има 113.000 прегледи на Инстаграм и 192.000 на Фејсбук.