Ако сакаш детето да биде здраво, однесувај се како сиромав: Необичен, но сосема логичен совет од педијатар!

Се чини дека најздрави деца се оние чии родители немаат многу пари, туку токму толку колку што е потребно за да се преживее

852

„Ако сакате вашето дете да биде здраво, замислете си дека сте сиромашни и така постапувајте“, советувал педијатар еден татко, кој решил со сите да го сподели овој необичен, но не и нелогичен совет.

„Дали ја гледате мудроста во оваа реченица? Јас ја видов. Неговите зборови веднаш ми останаа во меморијата и решив да анализирам на што точно мисли.

Се чини дека најздрави деца се оние чии родители немаат многу пари, туку токму толку колку што е потребно за да се преживее.

Секако, не верувам дека се однесува на деца кои боледуваат од тешки болести, туку на начинот на живот на просечно семејство.

Пред сѐ, тука е исхраната. Што би купил кога би бил сиромашен?

Одговорот е јасен и логичен – просечни житарки, евтино сезонско овошје и зеленчук, помалку месо, и тоа пилешко, евтина риба… А кога ќе размислите, сето тоа е многу подобро за здравјето на децата отколку некои пудинзи, додавање колбаси во оброкот и домати во средината на декември.

Денес квалитетот на сите овие производи е доведен во прашање, но сепак мислам дека подобро е детето да изеде парче пилешко, какво и да е, отколку колбас. Исто така, мислам дека е подобро да испие шолја кефир отколку некој магичен јогурт „збогатен“ со сѐ и сешто, или домашен џем на парче од озлогласениот бел леб, отколку чоколадо.

Мислам дека знаете што сакам да кажам, и што навистина сакаше да каже педијатарот – Колку помалку пари имате, толку е поедноставна храната што ја купувате, толку е подобро за вашето здравје.

Како да ги применам зборовите на педијатарот за облекувањето?

Се разбира, не сакам и не советувам никого да купува неквалитетна гардероба. Но, колку помалку пари, толку помалку гардероба. Овде сигурно мислел на здраво воспитување. Реално, кому му требаат 30 маици?

А што е со лековите?

Секако, лекарското мислење е најкомпетентно, но што прави сиромав кога докторот ќе препорача 5 до 7 препарати за лекување на настинка? Тој „пакет“ го сведуваат на минимум и на најважното. На пример, ќе го купат пропишаниот антибиотик и сируп за температура, но најскапиот препорачан спреј за нос ќе го заменат со природна инхалација со чај, скапиот крем за алергија со поевтина, но докажана верзија…

Како се забавуваат сиромашните деца?

Ова е можеби најдоброто од сѐ! Сиромашниот родител не го носи своето дете во игротека, каде може да се зарази со вируси, туку за рака и во парк, на најздрава и бесплатна релаксација!“

Повеќе