Ако сакате подобар однос со вашите тинејџери, поставете им го ова прашање
Психологот Беки Кенеди споделила совети кои можат да помогнат да помогнат да го подобриуте односот со вашите деца.
„Ова можете да го направите уште денес со вашиот тинејџер, трае помалку од 15 секунди и веднаш ќе го подобри вашиот однос“, вели таа.
Повеќето родители сакаат да градат силни врски и отворена комуникација со своите тинејџери, а психологот Беки Кенеди споделила совети кои можат да помогнат во тоа. Неодамна на Инстаграм таа открила кое прашање родителите треба да им го постават на своите деца.
Во видеото таа вели: „Ова можете да го направите уште денес со вашиот тинејџер, трае помалку од 15 секунди и веднаш ќе го подобри вашиот однос“.
Станува збор за ова едноставно прашање: „Што е едно нешто што можам да го направам за да се подобрам како твој родител?“
Кенеди објаснува дека ова им помага на децата да се чувствуваат видени и почитувани. Таа тврди дека дури и ако детето одговори нешто како „Давај ми по 500 евра секој ден“, тоа не е нужно лошо. Секако, тоа не значи дека на децата треба да им даваме по 500 евра секој ден, вели психологот.
„Знам дека ние родителите се грижиме дека децата ќе кажат нешто смешно и можеби ќе мислиме дека ова беше залудно, но не е“, вели Кенеди во видеото.
Таа ги советува родителите да бидат љубопитни, па се враќа повторно на примерот со џепарлакот.
„Секој одговор што ти го дава детето е информација. Ако сака 500 евра секој ден, можеш да го прашаш за што му требаат толку пари, на што би ги потрошил и слично“, објаснува таа. Нагласува дека љубопитноста е клучна.
„Со поставувањето на ова прашање ќе запознаете нов дел од вашето дете“, заклучува психологот.