Апел до родителите: „Објаснете им на децата дека користениот ранец ги носи истите соништа како и новиот“

Ве молам, научете ги вашите деца да не исклучуваат никого затоа што е „различен“ или затоа што ги нема истите можности што ги имаат вашите деца, е дел од апелот до родителите објавен на социјалните мрежи

144

На почетокот на новата учебна година на социјалните мрежи се прошири објава на непознат автор кој ги повикува родителите „да седнат со своите деца на пет минути и да им објаснат неколку важни работи“.

Текстот го пренесуваме во целост подолу.

„Објаснете му на детето дека тоа што е некој многу висок, низок, буцмаст, слаб или со која било друга боја на кожа не е причина за потсмев.

Истото важи и ако ученикот носи исти чевли секој ден, има стари работи или работи кои не се во мода.

Објаснете им дека користениот ранец ги носи истите соништа како и новиот.

„Ве молам, научете ги да не исклучуваат никого затоа што е „различен“ или затоа што ги нема истите можности што ги имаат вашите деца.

Одлично е ако вашите деца имаат џепарлак со кој можат да си дозволат многу работи, но научете ги дека другите деца тоа можеби го немаат и дека споделувањето со другите е благородна работа.

Објаснете им дека задевањето и малтретирањето болат и дека на училиште одат за да учат, а не за да се натпреваруваат со другите.

Образованието и воспитувањето почнуваат од дома“.

Повеќе