Баба од Србија му дала 100 евра на внукот од ќерка, а 300 на внукот од син
Жената вели дека имала две крштевки за две недели. Се крштевал внукот на нејзината ќерка, а потоа и внукот на синот. На внукот на ќерката му дала 100 евра, а на внукот на синот 300 евра. На прашањето зошто му дала повеќе на едното дете, таа одговара: „Па, тоа ми е внук од син!“
Иако е најважно детето да е здраво, некои сѐ уште повеќе ги ценат машките отколку женските деца. Ако мислите дека е тоа веќе далечно минато, се лажете, а доказ за тоа е статусот кој привлече големо внимание меѓу корисниците на Твитер.
„Жената вели дека имала две крштевки за две недели. Се крштевал внукот на нејзината ќерка, а потоа и внукот на синот. На внукот на ќерката му дала 100 евра, а на внукот на синот 300 евра. На прашањето зошто му дала повеќе на едното дете, таа одговара: „Па, тоа ми е внук од син“!
Kaže žena u dve nedelje imala dva krštenja. Krstio se unuk od ćerke i unuk od sina. Unuku od ćerke je poklonila 100€ a unuku od sina 300€.
— AntiFalohije (@antifalohije) August 15, 2022
Na pitanje zašto je jednom detetu dala više kaže: Pa to mi je unuk od sina.
Srbija, leta Gospodnjeg 2022.
Објавувањето предизвика бурни реакции, а многумина се сомневаат дека во 21 век некој сè уште прави разлика помеѓу женски и машки деца во семејството.
„Да бев нејзината ќерка, тоа ќе беше последен пат да не види“, „И веројатно уште од мала ја научила ќерка си дека е помалку вредна затоа што е жена“, „Мизогинијата е проблем во секое општество, а особено кај нас“, „Оваа приказна не е исклучок од правилото, туку правило. Систем на вредности во кој женското дете не се важи и нема поддршка од родителите, во кој женското дете е туѓа куќа, туѓа грижа“, коментираат некои.
Што мислите вие?
Дали во нашето општество женските деца се помалку вредни од машките?