Бебе ги шокирало родителите со првите зборови (ВИДЕО)

Иако има неполни два месеци, девојчето веќе им кажа на родителите „Те сакам“. Тие барем веруваат во тоа, а за среќа со камера успеале да го уловат овој посебен момент, па проценете сами.

701

Тиктокерот Џејк Ален на 13 јанури објави видео на својот профил кое до денес е прегледано повеќе од 25 милиони пати.

Станува збор за видео во кое неговата ќеркичка која наскоро ќе наполни два месеци веќе им кажува н своите родители дека ги сака. Откако мајката вели „Те сакам“, се чини дека нејзината ќерка возвраќа со иста мерка. Шокираните родители се вртат кон камерата, а потоа истото се случува и кога таткото на бебето ќе каже „Те сакам“.
Гледачите се убедени дека бебето ги повторува зборовите што ги слуша од мама и тато.

„Без сомнение, тоа се случи двапати“, „Ова е навистина неверојатно“, „Јасно е дека бебето се обидува да го имитира звукот што го слуша од своите родители“, пишуваат тие.

Малку е веројатно дека бебето ќе почне да зборува, особено ако е помладо од осум месеци – барем не разбирливо. Според WebMD, повеќето деца до првата година од животот ќе изговараат „мама“ и „тато“. Ако бебето не зборува до 12-тиот месец, ова не мора да биде причина за загриженост, но родителите треба да разговараат за каква било загриженост за развојот на нивното дете со својот педијатар.

Повеќе