Ботокс во врат за да бидат како барбика: Жените масовно споделуваат слики од долги вратови ала Барби (ВИДЕО)

Жените на „Тикток“ споделуваат видеа на кои се гледа како инјектираат ботокс во рамото за да добијат ефект на долг врат како барбика.

318

Филмот „Барби“ ја поттикнува новата лудост на „ТикТок“ кој е преплавен со видеа на жени кои вбризгуваат ботокс во вратот во обид повеќе да личат на легендарната пластична кукла.

Жените ја фалат процедурата и го покажуваат својот напредок по инјектирањето на ботокс во трапезните мускули. Тие објавуваат и фотографии пред и по добивањето инјекција во трапезните мускули.

Поддржувачите велат дека трендот „Барби ботокс“ не само што им го направил вратот подолг и потенок, туку и дека „ја ублажува напнатоста“ и „го подобрува држењето на телото“.

Сепак, како што пренесува „Дејли мејл“, експертите предупредуваат дека оваа процедура може да ги оштети мускулите и да не предизвика исти ефекти за издолжување на вратот кај сите.

@carolinafacialplastics

Considering the viral “barbie botox” treatment? 💓 Did you know that it can help alleviate pain? 👀 #barbiebotox #traptox #botox #trending

♬ Barbie World (with Aqua) [From Barbie The Album] [Extended] – Nicki Minaj & Ice Spice & Aqua

Ботоксот, за оние кои сè уште не знаат, е најпознатата марка на супстанцијата ботулински токсин, која се користи за парализирање на мускулите на лицето со цел да се намалат брчките. Работи така што го блокира сигналот помеѓу нервите и мускулите.

Повеќе