И бабите љубат, особено ако не се во брак

Истражувањето опфатило 1.500 жени на возраст од 65 до 79 години, при што 52,6 отсто од испитаничките биле во брак или во врска, а просечната возраст им била 71 година.

240

Иако сексуалноста во третото доба е своевидно табу, многу повозрасни жени не се откажале од задоволството на љубовта – дури и по седумдесеттите! Едно истражување покажало дека жените во трето доба се сексуално поактивни – ако не се во брак или ако немаат животен партнер.

Истражувачите од Северноамериканското здружение за менопауза тврдат дека една од седум жени на возраст меѓу 65 и 79 години страда од хипоактивно нарушување на сексуалната желба, состојба која се карактеризира со недостаток на сексуална желба и ниско либидо. Она што е изненадувачки е дека тие исто така откриле дека нарушувањето на хипоактивната сексуална желба е почеста кај оние жени кои имаат сопруг или партнер и дека нивните врснички кои се слободни биле сексуално поактивни.

Студијата опфатила 1.500 жени на оваа возраст, при што 52,6 отсто од испитаничките биле во брак или во врска, а нивната просечна возраст била 71 година.

88 отсто од испитаничките ја опишале својата сексуална желба како ниска. 15,5 отсто од нив сексуалниот однос го опишале како непријатен, додека дури 13,6 отсто пријавиле хипоактивно нарушување на сексуалната желба.

Повеќе