Бразилска актерка се породи на 56 години: „Мислев дека поминувам низ менопауза“

Актерката која во декември наполнила 56 години, деновиве го родила своето прво дете со третиот сопруг Јарбас Хомем де Мело, со кој се омажила во 2018 година. Инаку, таа е мајка на две деца на возраст од 25 и 20 години.

349

Бразилската актерка Клаудија Раја не можела да поверува кога лекарите ѝ ја кажале веста дека е бремена на 56-годишна возраст.

„Кога докторот ме праша дали сум извадила бета, чија вредност ја открива бременоста преку крвта, помислив дека е луд“, се сеќава таа на Инстаграм.

Актерката не можела да ги дочека резултатите од тестовите на крвта, па во аптека купила тест за бременост. Следувал шок.

„Тестот покажа дека сум бремена во третата недела. Мислев дека тоа навистина не е можно на моја возраст”, додала таа.


Се помирила со среќната вест. Раја, која во декември наполнила 56 години, деновиве го родила момчето Лука. Тој е нејзиното прво дете со нејзиниот трет сопруг Јарбас Хомем де Мело, со кој се омажила во 2018 година. Таа е и мајка на две постари деца, Енцо (25) и Софи (20).

Portugal Posts English известува дека Раја неуспешно била подложена на ИВФ. Затоа, било вистинско чудо што таа зачнала природно на 56 години. Во тој период верувала дека минува низ менопауза.

Повеќе