Дали бремените жени можат да летаат со авион?

Ако бременоста е тешка или сте изложени на ризик од компликации, треба да разговарате за патувањето со вашиот лекар пред да одлучите за тоа.

1.383

Лeтањето со авион може да биде непријатно. Освен ако не сте во прва или бизнис класа, веројатно сте на тесно седиште и затоа имате мали шанси да ги истегнете нозете, слободно да се движите или да го спуштите седиштето за да заспиете.

Ако сте бремени, летањето во тесен авион веројатно не е сценарио од соништата. Но, дали е воопшто безбедно да се лета за време на бременоста? Дали има момент кога би требало да престанете да летате?

Патувањето со авион пред 36-та недела од бременоста генерално се смета за безбедно, според Националната и здравствена служба на Велика Британија. Меѓутоа, ако сте во 37-та недела од бременоста, многу авиокомпании нема да ви дозволат да летате. Истото важи и за близначна или повеќекратна бременост по 32 недела.

Причината е што шансата за породување е поголема после тој момент. Секоја авиокомпанија има своја политика, па затоа е неопходно да се проверат советите и правилата пред да резервирате место.

На пример, Ryanair и British Airways го наведуваат крајот на 36-та недела како нивни гранични вредности, додека easyJet не дозволува бремените жени да летаат по крајот на 35-та недела.

Ако бременоста е тешка или сте изложени на ризик од компликации, треба да разговарате за патувањето со вашиот лекар пред да одлучите за тоа.

Кога сте бремени 28 недели, повеќето превозници ќе бараат лекарска потврда со која се потврдува датумот на породување, нормална бременост и добро општо здравје.

Ryanair е една од авиокомпаниите што од 28-та недела бара формулар „погоден за лет“, кој му се презентира на кабинскиот екипаж пред да се качите. Бритиш ервејс тоа го бара по 30-та недела, а easyJet воопшто не.

„Жените кои се бремени помалку од 28 недели, здрави и немаат компликации во бременоста можат да бидат примени во авион без лекарско уверение. Доколку бременоста трае повеќе од 28 недели, a најмногу до 36 недели, потребна е лекарска потврда не постара од седум денови со што се потврдува дека породувањето нема да се случи во рок од четири недели од почетокот на патувањето. Во овој случај нема медицински пречки за патување со авион“, велат од Кроација ерлајнс.

„Само ако бремена жена патува на операција или лекување, мора да се пополнат и приложат документите потребни за превоз на болни и инвалиди“, додаваат тие.

Треба да се спомене уште една работа. Летањето повеќе од четири часа може да го зголеми ризикот од длабока венска тромбоза. Ако патувањето е долго, размислете да носите компресивни чорапи и да се движите малку на секои 30 минути.

Повеќе