Дали е подобро да станете мајка во триесеттите наместо порано? Кога го добивте вашето прво дете?

„Прв пат сум мајка на 37 години, дефинитивно не би менувала ништо“, „Сто проценти се согласувам. Првото дете го родив на 33 години и не можам да замислам да сум го имала во моите дваесетти. Мило ми е што имав „себично“ време пред децата“, се дел од коментарите на жените. Каков е вашиот став?

186

Мајката Кристи споделила видео на Тик-Ток во кое објаснува зошто мисли дека е најдобро да се стане мајка по првпат во триесеттите.

Оваа мајка го добила своето прво дете на 33 години и вели дека тоа за неа било „10 од 10“. Кристи е свесна дека многу жени не се одлучуваат да забременат во триесеттите поради потенцијални компликации, потешки шанси за забременување, подолго време за опоравување и слично.

Но, според нејзиното искуство, нејзиното прво дете на 33-годишна возраст било најдобрата одлука поради неколку причини.

Во видеото таа објаснува дека во своите дваесетти години не била емоционално, психички и финансиски подготвена да биде мајка.

„Бев себична 15 години, па немав FOMO (fear of missing out, односно, страв од пропуштање)“.

Во тие 15 години Кристи патувала, излегувала и си била приоритет сама на себе. А сега приоритет ѝ е нејзината ќерка и времето што го поминува со неа.

„Не гледам сечии приказни на Инстаграм за патувања, вечери, викенди. Не си мислам: „Би сакала да го направам тоа“. Сум го направила сето тоа порано, многу пати“, вели Кристи во видеото.

Таа додава дека е благодарна за тоа време и дека сега е подготвена да живее мирно и да ужива во малите нешта.

Видеото е прегледано речиси милион пати на платформата, а многумина одвоиле време да ја споделат својата приказна за „подоцнежното“ родителство во коментарите.

„Прв пат сум мајка на 37 години, дефинитивно не би менувала ништо“, „Сто проценти се согласувам. Првото дете го родив на 33 години и не можам да замислам да сум го имала во моите дваесетти. Мило ми е што имав „себично“ време пред децата“, „Кога реално ќе погледнете, ние сме уште млади во триесеттите“, „Првото дете го добив на 34 години. „Патував низ светот, докторирав и исполнив многу од она што го сакав пред да имам дете“, се дел од коментарите.

Повеќе