Угледен руски психолог тврди: Најдоброто нешто што можете да им го дадете на вашите деца е пример

Главниот совет што Михаил Лабовски им го дава на родителите е да ги сакаат своите деца. „Невозможно е претерано да се сака детето! Често прегрнувајте ги своите деца и кажете им дека ги сакате. Само љубовта може да им даде на вашите деца самодоверба и среќна зрелост”, заклучил тој.

1.535

Познатиот руски психолог Михаил Лабовски го сподели своето професионално искуство и ги откри правилата кои треба да ги следат идеалните родители. „Често кај мене доаѓаат мајки и прашуваат како да му помогнат на 16-годишник да избере професија или на кој факултет да се запише. За жал, доцните“, вели тој во воведот.

Лабовски смета дека децата треба да се учат да бираат уште од раѓање, односно веднаш штом ќе можат да одговорат.

„Прашајте го детето што сака за појадок – пржени јајца или омлет?“

Вештината за одлучување им помага на децата подоцна да изберат професија, па дури и животен партнер, смета тој.

Според психолозите, важно е детето да добива џепарлак веќе на шест години.

„Детето може сето тоа да го потроши на слатки или да заштеди за играчка, но ќе научи како да троши пари, што е многу важно“, објаснува Лабовски.

Зошто децата протестираат кога ќе ги замолиме да ги измијат садовите? Неговиот совет до родителите е да не ги тераат децата да чистат. Тој вели дека физичката работа најдобро се учи преку игра. „Ако дете на три или четири години ги мие садовите за забава или игра, тогаш на десет години нема да протестира поради тоа“, истакнал тој.

Лабовски остро се противи на екраните додека се јаде. Тој вели дека детето што гледа цртани додека јаде, не ужива во храната, туку механички џвака.

„Ставете ја чинијата на маса и тргнете ја за 15 минути. Ако детето не јадело, не е важно, ќе јаде подоцна“, советува психологот.

Експертот е сигурен и во тоа дека родителите не треба да поминуваат време со своите деца кога немаат волја за тоа.

„Децата чувствуваат сè. Подобро е да поминете 20 минути дневно со вашето дете, но со задоволство. Остатокот од времето посветете си го на себе и на вашиот развој. На крајот на краиштата, најдоброто нешто што можете да им го дадете на вашите деца е пример“, наведува тој.

„Физичкото казнување не е воспитна метода, туку родителска агресија“

Тој исто така предупредува дека децата никогаш не треба да бидат тепани.

„Тоа не е образовен метод, тоа е вашата агресија. Детето не разбира зошто го тепаат, само се плаши како животно. Физичкото насилство е директен пат до невроза. Ако не можете да се справите со агресијата, одете на психолог“, предлага тој.

Главниот совет што Михаил Лабовски им го дава на родителите е да ги сакаат своите деца. „Невозможно е претерано да се сака детето! Често прегрнувајте ги своите деца и кажете им дека ги сакате. Само љубовта може да им даде на вашите деца самодоверба и среќна зрелост”, заклучил тој.

Повеќе