Како што растат нашите деца, може да биде тешко да им помогнеме да се справат со сите промени што се случуваат во нивните тела. Со овој предизвик се соочи и една мајка која на форумот Mumsnet побарала совет во врска со нејзината деветгодишна ќерка. Девојчето сака да почне да ги бричи нозете, додека нејзината мајка не е сигурна дали треба да ѝ го дозволи тоа.
Жената објаснила дека нозете на нејзината ќерка не се толку влакнести, но во последно време значително се зголемил бројот на светли влакненца, поради што таа се чувствува лошо, пренесува Мирор.
„Таа сè уште не го достигнала пубертетот, но е загрижена бидејќи нејзините нозе се влакнести. Според мене не се многу влакнести, но има малку повеќе светли влакненца од порано. Мислам дека девет години се навистина премногу малку за тоа. Можеби за почеток би пробала со депилатор. Сакам да ја охрабрам да почека уште малку пред да се одлучи за бричење, но разбирам дека тоа е нејзино тело и сакам таа да одлучи што да прави“, напишала анонимната мајка која и самата се соочувала со негативни коментари за време на пубертетот поради нејзините влакнести нозе.
Иако во коментарите добила многу добронамерни совети како да му помогне на своето девојче да си ги избричи нозете на најбезбеден можен начин, имало и такви кои ја осудиле оваа мајка затоа што воопшто размислувала за тоа.
„Таа е дефинитивно премногу млада за да се избричи. Обидете се да ѝ објасните дека сè уште не е време за вакво нешто, таа има само девет години“, е само еден од коментарите на луѓето на кои не им се допаднала идејата за бричење на нозете на 9-годишното девојче.