Во болница во САД се родило бебе со запчиња: Дали знаевте дека едно од 2000 бебиња се раѓа со никнати заби (ВИДЕО)

Новопечената мајка била зачудена кога открила дека нејзиното бебе е родено со неколку целосно израснати заби, а како што вели и персоналот од болницата каде што се породила се изненадил бидејќи досега не виделе доенче со заби.

265

Мајка од Канзас Сити во Соединетите Држави сподели на нејзиниот профил на Тик Ток видео од нејзиното слатко бебе како спие. Ништо необично и вредно за спомнување, додека на видеото не се види како новороденото бебе се прозева и го открива редот бели заби со кои е родено, што е многу неочекувано за новороденче, нели?

Новопечената мајка била зачудена кога открила дека нејзиното бебе е родено со неколку целосно израснати заби, а како што вели и персоналот од болницата каде што се породила се изненадил бидејќи досега не виделе доенче со заби.

На својот профил @jordanvilson_bloss, според The ​​Sun, таа во описот на видеото напишала: „Кога вашето бебе ќе се роди со заби, а целиот персонал во болницата е во неверување затоа што досега не го виделе ова“. Во описот на видеото стои и дека според некоја статистика, едно од 2000 бебиња се раѓа со никнати заби.

Повеќе