Дали на детето треба да му се дозволи да си ја избира облеката – 5 причини ЗА!

Утро е, се спремате за работа, градинка, училиште, сакате да завршите што побрзо и тогаш слушате гласче кое вели: „Не ги сакам тие хулахопки, сакам шарени и сакам фустан.“

154

Ако им го поставите ова прашање на родителите, постои голема веројатност одговорот да биде – не. Сепак, во животот на секое дете доаѓа момент кога сака самото да одлучува за важни прашања, а едно од нив секако е облекувањето. Дали треба да му се дозволи на детето само да си ја избере облеката?
Утро е, се спремате за работа, градинка, училиште, сакате да завршите што побрзо, па дури и им помагате на малечките да се облечат (иако се заколнавте дека нема да го направите тоа). И тогаш слушате гласче: „Не ги сакам тие хулахопки, сакам шарени и сакам фустан.“ А вие веќе одбравте таква убава комбинација, уште претходната вечер! Но, малото гласче не попушта и не се откажува… Што да направите?

Секогаш е најдобро да го оставите детето да ја избере облеката, а за тоа имаме 5 добри причини!

Да ги оставиме најмалите да изберат што да облечат?
Родителите кои не им дозволуваат на своите малечки да изберат што ќе облечат веројатно само ќе одмавнат со рака, но одговорот на ова прашање е – да. Ако тоа го сакаат малите, секако. А ако се прашувавте кога е вистинското време за тоа, ќе ви го кажеме ова: веднаш штом покажат интерес за тоа.

Еве 5 причини зошто е ова добра работа:

Може да ви заштеди време
Утро е, се спремате, брзате… Па, додека го подготвувате појадокот, вашето малечко може само да си избере облека за тој ден и да ви заштеди двојно повеќе време. Нема да морате да го правите тоа, а детето ќе добие волја да се облече само.

Им дозволувате да се изразат
Како родител, сигурно веќе сте разбрале, научиле, сте прифатиле дека детето мора да знае да се изразува на различни начини: со боја, движење, глас… Изборот на облека е одличен начин за тоа! Без разлика колку години има детето, ако треба да се изрази преку облека, треба да му дозволите. На овој начин детето учи да го изразува својот став, мислење, вкус за облека. Ако им дозволите сега, можеби ќе бидат понежни кон вас во пубертетот… Вреди, нели?

Ја зајакнувате нивната самодоверба
Замислете, цело време сите околу вас ви кажуваат дека сте мали, а мама и тато ве оставаат да ја изберете облеката. Леле! Ќе направите многу ако на децата им го дадете тоа чувство на гордост поради одбраната облека. Па уште и ако некој ги пофали… На радоста ѝ нема крај, а самодовербата до небо!

Ќе ве поштеди од борба
Секако дека нема да му дозволите на вашето дете да оди на свадба во пижами. Секако дека не може да излезе на снегот во гаќи за капење (иако, брзо би се вратило…). Но, дали навистина ви е важно во што го поминуваат денот во градинка? Да му дозволите на вашето дете да ја избере облеката ќе ве спаси од многу стрес поради борбата на тема „не сакам – мораш“. Ако ви е полесно, одредете дел од гардеробата од која детето може да избира облека.

Забавно е!
Настрана друго, но ајде, признајте си – нели е забавно да се гледаат креациите кои настануваат кога малечките избираат облека? Секако дека е! Да не зборуваме за бои и дезени, но кога девојче ќе ги спои дуксерите со фустан или момчето ќе ги спои старите спортски панталони со убава кошула… Немате избор, мора да се насмеете и денот веднаш ви е подобар!

Повеќе