Родителите открија на какви трошоци не сметале кога решиле да имаат деца

Патувања. Јас и мојот сопруг сакавме спонтани и евтини патувања. Кога ги вклучуваме децата, тоа менува сè, од тоа каде остануваме до тоа како ќе стигнеме таму. Со децата, одморите ни станаа луксуз што не можеме да си го дозволиме, вели една мајка.

57

Сите знаат дека децата не се евтини, но додека не станеме родители не сме ни свесни за дел од трошоците. BuzzFeed неодамна ги праша мајките и татковците кои неочекувани трошоци за родителството ги шокирале најмногу, а ние избравме неколку од најдобрите одговори.

„Не сметав на тоа колку пари ќе треба да се носат на училиште. Секој втор ден детето доаѓа дома од училиште со потсетување дека треба да испратиме пари за нешто. Секогаш мора да биде точниот износ на готовина, што никогаш не го имам“.

„Патувања. Јас и мојот сопруг сакавме спонтани и евтини патувања. Кога ги вклучуваме децата, тоа менува сè, од тоа каде остануваме до тоа како ќе стигнеме таму. Со децата, одморите ни станаа луксуз што не можеме да си го дозволиме“.

„Медицински трошоци. И покрај тоа што имаме здравствено осигурување, листите на чекање се премногу долги, а на моето дете му беа дијагностицирани четири автоимуни нарушувања. Сметките за тестови, специјалистички прегледи и зафати само се собираат. Да не зборуваме за зајакнување на имунитетот, лекови кои треба да се доплатат, терапии, медицинска опрема итн.“

„Облеката, особено капутите. Зошто топлото палто чини 100 долари? Детето сепак ќе го надрасне пред крајот на зимата.”

„Чевли. Чевлите за мали деца се скапи, и токму кога ќе се навикнете на нив, на детето му треба поголем број. Цените се како да купувам чевли за себе, но детето ги надраснува пред да бидат износени“.

„Активности. Покрај градинката, тука се и спортските активности и странските јазици. Не заработувам доволно за сето тоа“.

„Штом детето ќе ги надрасне детските менија во рестораните, излегувањето на ручек или вечера станува неподносливо скапо“.

Повеќе