Дали сме во интеракција со децата или со телефоните?

Научниците предупредуваат дека времето кое родителите го поминуваат забавувајќи се со екранот на нивниот мобилен телефон директно влијае на децата!

33

Вие сте оние свесни и грижливи родители кои на своите деца не им даваат мобилни телефони и им мерат колку време поминуваат пред екранот?

Секако, но, не ви е проблем да одговарате на пораки, да читате мејлови, да скролувате малку по телефонот, да го проверувате мобилниот… Не е важно дали ручате заедно, си играте или сте отишле во парк… Всушност – да, тоа е проблем!

Научниците предупредуваат дека времето кое родителите го поминуваат забавувајќи се со екранот на нивниот мобилен телефон директно влијае на децата!

Родител на телефон – полоша интеракција со децата

Во неколку студии, научниците утврдиле дека начинот на кој родителите ги користат мобилните телефони влијае и на нив и на нивните деца. Како?

Честото користење на дигитални уреди од страна на родителите е поврзано со послаби интеракции со децата, предупредиле во студија истражувачите Брендон МекДаниел и Џени Радески.

Тие укажале на поврзаноста помеѓу технолошките прекини, односно ситуациите во кои користењето на дигитални уреди ја попречува или прекинува интеракцијата помеѓу родителите и децата и проблемите во однесувањето на децата.

Проблематичното користење на дигиталната технологија од страна на мајките и татковците доведува до почести прекини во интеракциите со децата.

Дали сме во интеракција со децата или со телефонот?

Еден од истражувачите на оваа студија, Брендон МекДаниел, експерт за проучување на односите и семејствата, го измислил терминот ТЕХНОФЕРЕНЦИЈА за да го опише начинот на кој технологијата се меша во секојдневните интеракции помеѓу членовите на семејството, особено помеѓу родителите и децата.

Зборот TECHOFERENCE се однесува на прекин или нарушување на интеракцијата помеѓу родителите и децата поради употреба на технологија, како што се мобилни телефони, таблети или други дигитални уреди.

Друга студија на истражувачката Џени Радески покажала дека колку повеќе родителите се фокусирани на своите мобилни телефони или на други дигитални уреди на јавни места, како ресторани, толку е поголема веројатноста дека ќе реагираат остро на недоличното однесување на децата.

Не, ова не е знак да го фрлите мобилниот во ѓубре

Сепак, едукаторите се согласуваат во едно – ова не е повик да се фрлат мобилните телефони во ѓубре. Технологијата што не опкружува нема да исчезне.

Ова е повик да бидеме попаметни од нашите мобилни телефони, а потоа да ги научиме на тоа и нашите деца. Еве неколку идеи.

  1. Бидете свесни колку време поминувате со телефонот во раце и колку од тоа време поминувате со вашите деца. Размислете за вашите навики со користење на дигитални уреди додека поминувате време со вашите деца. Намалете го времето поминато на екранот.
  2. Воведете зони без технологија во вашиот дом. Одредете области од домот каде што е забрането користењето мобилни телефони и строго придржувајте се до тоа.
  3. Вклучете се во содржината што децата ја консумираат преку екранот. Немојте само да ограничувате, туку учествувајте во она што е дозволено. Без разлика дали тоа е цртан филм или музика, вклучете се, гледајте заедно, разговарајте за она што сте го виделе.
Повеќе