Дали вашето дете го смирувате така што ќе му вклучите ТВ?

Користењето екрани за смирување на децата влијае на нивната способност за самосмирување, покажало новото истражување спроведено од Универзитетот во Оксфорд

405

Повеќето родители знаат дека поминувањето на времето на децата пред екраните може да заврши со солзи – сега едно истражување открило и зошто. Претходните истражувања покажаа дека сината светлина од ТВ екраните и таблетите ризикува да го наруши квалитетот на спиењето на детето, што може да ги направи потемпераментни.

Но, новото истражување, спроведено од Универзитетот во Оксфорд, покажало дека користењето екран за смирување на мало дете може да значи и дека детето на тој начин пропушта вредни лекции и можност да научи како да се смири.

Со интервјуирање на родителите добиени се потребните податоци

Истражувачите ги анкетирале родителите на 575 деца на возраст од осум месеци до три години за тоа колку време поминале пред екраните во текот на 2020 година. Откриле дека колку е подолг периодот пред екраните, толку децата послабо управувале со своите емоции.

Др. Александра Хендри, водач на студијата, вели: „Она што е важно за напредокот е родителите да добијат поддршка за да најдат алтернативни начини за интеракција со своето дете, да пристапат до висококвалитетна грижа за децата и образованието како и пристапат до поддршка за менталното здравје доколку имаат тешкотии“.

Децата кои поминувале премногу време пред екраните покажале послаби когнитивни способности

Студијата, објавена во списанието Infancy, исто така покажала дека децата кои поминуваат повеќе време користејќи екрани имаат послаби способности за размислување.

Овие мисловни вештини ја вклучуваат способноста да се истрае во задачите кај кои е потребна итрина и снаодливост, а доказите сугерираат дека децата со послаби мисловни вештини би можеле да се мачат повеќе во училиште кога ќе бидат постари.

Повеќе