Дали вашето дете ве почитува или не? Еве пет знаци по кои можете да го препознаете тоа
Понекогаш родителите сосема несвесно не ги поставуваат границите доволно јасно, а децата го користат тоа, велат психолозите. Токму затоа, велат, потребно е да се препознаат првите симптоми на непочитување за да може навреме да се реагира.
Родителите се обидуваат да ги воспитуваат своите деца на најдобар можен начин, но понекогаш дури и тоа не е доволно за да го спречат детето да покаже одредени особини или модели на однесување што укажуваат на тоа дека можеби нема почит.
Понекогаш родителите сосема несвесно не ги поставуваат границите доволно јасно, а децата го користат тоа, велат психолозите. Токму затоа, велат, потребно е да се препознаат првите симптоми на непочитување за да може навреме да се реагира.
Како што додаваат психолозите, непочитувањето од страна на децата и тинејџерите може да се изрази на различни начини, а некои од нив се следните:
противречење
приговарање
расправање
инаетње
игнорирање
Имено, сето тоа се неправилни, односно негативни обрасци на однесување кои децата и тинејџерите можат да ги користат за да го изразат своето незадоволство од поставеното ограничување, да избегнат одредена задача што не сакаат да ја направат во тој момент или да се обидат да ја преземат контролата во некоја ситуација во која се чувствуваат немоќни.