Давањето вода на бебињата до 6-месечна возраст може да биде смртоносно (ВИДЕО)

Реагирајќи на видео на кое тиктокерка му се потсмева на својот партнер затоа што мисли дека водата е опасна за бебињата, д-р Каран Раџ на својот ТикТок профил открива дека бубрезите на новороденчињата се дури за половина помали од оние на возрасните, поради што тие не можат правилно да ја филтрираат водата.

5.473

Многу родители не знаат на која возраст треба да почнат да им даваат вода на своите деца. Токму затоа докторот Каран Раџ на својот профил на ТикТок предупредува дека давањето вода на бебињата може да биде крајно опасно, а во некои случаи дури и фатално. Имено, реагирајќи на видео на кое тиктокерка му се потсмева на својот партнер затоа што мисли дека водата е опасна за бебињата, Раџ открива дека бубрезите на новороденчињата се дури за половина помали од оние на возрасните, поради што тие не можат правилно да ја филтрираат водата.
Ова може да доведе до труење познато во медицинските кругови како хипонатремија, состојба која се јавува кога концентрацијата на натриум во крвта е ненормално ниска. Натриумот е електролит и помага да се регулира количината на вода што е во и околу вашите клетки.

Во случај на хипонатремија, еден или повеќе фактори предизвикуваат разредување на натриумот во вашето тело. Кога тоа ќе се случи, нивото на водата во вашето тело се зголемува, а вашите клетки почнуваат да отекуваат. Ова отекување може да предизвика многу здравствени проблеми, од благи до опасни по живот.

„Вишокот на вода постепено се враќа во крвотокот и го разредува натриумот. Оваа појава може да предизвика многу проблеми, од отекување на мозокот, напади, па и смрт”, објаснува докторот и додава дека бебињата не треба да пијат повеќе од 250 милилитри вода.


Покрај тоа, Раџ нагласува дека пиењето вода кај бебињата предизвикува и брзо заситување. Како резултат на тоа, тие јадат многу помалку храна или млеко, што предизвикува недостаток на енергија и хранливи материи кои им се потребни за да бидат здрави.

Видеото на докторот за кратко време стана вирално и има 1,6 милиони прегледи, а во коментарите многу родители признаа дека не се запознаени со оваа важна информација.

Повеќе