Децата без емпатија може да ги препознаеме по овие особини

Децата без чувство за емпатија се обично нечувствителни за потребите на другите, односно може да набљудуваат некој на кој очигледно му е потребна помош и да не направат ништо во врска со тоа.

265

Емпатијата е способност на човекот да ги разбере и да сочувствува со луѓето околу себе. Иако многу родители се стремат да го воспитаат своето дете така за еден ден да стане емпатична личност, на некои тоа не им поаѓа од рака. Како што објаснува психологот Микеле Борба, постојат карактеристики по кои можеме да препознаеме дете на кое му недостасува емпатија.

Како прво, детето кое нема доволно развиена емпатија често е склоно да ги озборува или да ги критикува сите оние кои не го делат неговото мислење. Психологот објаснува дека таквото дете не може да се стави во туѓа позиција, поради што често изгледа ладно во однос на туѓите лоши чувства или проблеми низ кои некој поминува. Обично е нечувствителен за потребите на другите, односно може да набљудува некој на кој очигледно му е потребна помош и да не направи ништо во врска со тоа.
Исто така, психологот нагласува дека детето на кое му недостига емпатија има и големи проблеми да склопува пријателства бидејќи чувствува дека заслужува сѐ да му биде подредено нему и дека има право да добива услуги без да дава ништо за возврат. Кога некој одбива да му помогне, детето на кое му недостасува емпатија тоа го сфаќа како лична навреда и во повеќето случаи се навредува или се кара.

Друга карактеристика на детето со недостаток на емпатија е постојано да зборува за себе. Најчесто секогаш ќе зборува за себе, за своите проблеми и достигнувања, без разлика дали тоа го интересира некого од присутните или не. Детето кое не е емпатично е исто така склоно да ги повредува луѓето околу него затоа што често зборува или прави нешто што ги навредува.

Повеќе